ВМРО-ДПМНЕ: Од проектот МојДДВ најголема корист ќе имаат Заев и оние кои се побогати

Од:

Проектот Мој ДДВ е промашена мерка од која најголема корист ќе имаат Заев и оние кои се побогати, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Со оваа мерка сиромашните и просечните граѓани најмногу што можат да добијат се 156 денари месечно или околу 1872 денари годишно, што е далеку од ветените 30.000 на Зоран Заев и СДСМ. Со оваа мерка СДСМ и Заев ги понижува граѓаните.

Доколку СДСМ и Заев искрено се грижеа за фирмите немаше да ги рекетира фирмите ширум Македонија.

На СДСМ единствено им е важно да се полнат нивните лични сметки и им е важен единствено личниот интерес, а за маките и проблемите на граѓаните воопшто и не им е гајле.

Заев и СДСМ со секој изминат ден ја носат Македонија во бездна. Ниту една популистичка мерка на СДСМ нема да успее да ја дефокусира јавноста од вистинските проблеми, криминалии, рекетирања, поткупи, закани и уцени.

Граѓаните нема да дозволат еден Зоран Заев и СДСМ да ја до уништат Република Македонија, затоа на следните предвремени парламентарни избори Заев ќе си замине од власт, а Македонија конечно ќе тргне напред.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град