СДСМ: Зголемен е повратот на ДДВ кон стопанството

Од:

Според официјалните информации, заклучно со јули 2019 година повратот на ДДВ кон претпријатијата во однос на истиот период од 2018 година е поголем за 14,5 отсто, информираат од ССМ преку соопштение.

„Во апсолутни бројки тоа е за 30 милиони евра повеќе назад во стопанството.

Повратот на ДДВ е неселективен и редовен, а во првите седум месеци претпријатијата добија над 14,5 милијарди денари по основ на ДДВ.

Реализирана е добра наплата на даночните приходи, вклучително и ДДВ кој на бруто основа е повисок за 5,6% во однос на минатата година.

Истовремено, непречено тече и мерката за поврат на дел од платеното ДДВ кај граѓаните која дава одлични резултати.

Досега, вкупно се скенирани над 9,5 милиони фискални сметки, а кај граѓаните се вратени над 80 милиони денари.

Овие податоци не се само обични бројки, туку се показатели за реално придвижување на економијата и обезбедување повеќе пари кај граѓаните и фирмите.

Како одговорна партија остануваме посветени на реализацијата на мерките што обезбедуваат економски раст, конкурентна економија и повеќе пари назад кај граѓаните.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ќе одговараат сите за кои низ судска постапка ќе се докаже вмешаност во „Рекет“

Татјана Ташкова

(ВИДЕО) Велковски: Растат платите, се враќа дел од ДДВ кај граѓаните

Ана Ололовска

СДСМ: Од септември за 5 отсто повисоки плати за вработените во образованието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Костадинов: СДСМ се менува и отвара шанси за младите

Ана Ололовска

СДСМ: Промените се нова енергија за забрзување на напредокот, во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува

Ана Ололовска

Заев денеска ќе го достави предлозите за нови министри и заменици-министри

Ана Ололовска