СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни и немаат право да зборуваат за дискриминација

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за навреди и закани. 11 години ВМРО-ДПМНЕ не само што премолчуваше, туку и директно промовираше насилство кон ЛГБТ заедницата и нејзини претставници. Таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжи и во опозиција, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски беше изрично и отворено против одржување на Парадата на гордоста, а уште пожестоко се спротиставуваше на носење на Законот за заштита од дискриминација со која за првпат се воведе сексуалната ориентација како основа за дискриминација.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни и немаат право да зборуваат за дискриминација.

Единствените кои се во паника се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на кои од ден на ден им станува се појасно дека е невозможна одбрана на криминалот на режимот.

Колку и да е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна.

Законите важат за сите подеднакво и не смеат и не препознаваат верска, национална, политичка или друга припадност.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се плашат од правдата.

Секој, без разлика на функцијата што ја извршува или извршувал, ќе одговара доколку се докаже дека постапувал незаконски, вклучително и за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и криминалниот октопод раководен од Будимпешта.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад