ВМРО-ДПМНЕ: Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува

Од:

Криминалците се во Владата и ги води Зоран Заев. Тие ја уриваат Македонија и единствен начин да се спаси државата еда бидат поразени.Зоран Заев е во очевидна паника. Доказите кои излегуваат во јавноста за случајот рекет, кои го стегаат обрачот околу него се флагрантни и од нив нема бегање, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“.

„Одговорност мора да има.ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува навреди и заканите на Заев кон новинарите кои го обелоденија неговиот криминал. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува и навредите врз основа на сексуалната определба.

Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува. Толкав гнев и агресија кон луѓе со поинаква сексуална ориентација може да се објаснат само со огромна блискост во минатиот период. Заев е очигледно исплашен од медиумските написи дека осомничениот Боки Тредичи има доказипротив него и ќе ги обелодени.

Заев е главата на октоподот, мозокот кој ги движи пипките како Боки Тредичи, Зоки Кичеец и Катица Јанева. Заев е човекот без чие знаење милионскиот рекет кој траеле со години воопшто и не би бил можен.Господине Заев одете си и оставете Македонија да заздрави од вас. Правда во Македонија ќе има, но не со вас на власт.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Мисајловски од кумановско: Потребна е обнова во сите сегменти

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Арсовски: СДСМ е мафијашка партија и Македонија ја направи мафијашка држава

Ана Ололовска

Николоски: Очекуваме огромна поддршка од граѓаните

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јанушев од Македонска Каменица: Со победа на ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде обновата на Република Македонија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стојаноска: Еден денар за спортот и еден денар за културата од акцизите за нафта и нафтени деривати

Ана Ололовска

Трипуновски од Брвеница: Субвенции кои пред се редовно и навремено ќе се исплаќаат кон секоја категорија земјоделец

Ана Ололовска