Индонезија враќа стотици тони австралиски отпад, изјави претставник на Џакарта.
Осум контејнери со отпад, со тежина околу 210 тони, се испратени со товарен брод кон Сингапур од вториот по големина индонезиски град Сурабаја, соопшти локалната царинска агенција.
Таков потег е направен откако Австралија вети дека ќе го запре извозот на рециклирачки отпад и покрај глобалната загриженост од загадувањето на океаните со пластика и зголемените напори на азиските земји против прифаќањето отпад.
Индонезија минатиот месец соопшти дека ќе го врати австралискиот отпад, откако властите открија опасен материјал и домашен отпад, вклучително и користени пелени и електронски отпадоци, во контејнери кои требало да содржат само користена хартија.
– Шест контејнери, загадени со (опасен) отпад и два контејнера, чија содржина беше измешана со домашен отпад, ја напуштија вчера Индонезија, изјави Алвин Кристин Зебуа, портпаролка на царинската агенција во Источна Јава.
Таа не може да потврди кога контејнерите би можеле да пристигнат назад во Австралија.
Минатиот месец Индонезија врати седум контејнери за превоз на нелегално внесен отпад во Франција и Хонгконг, кои беа одземени на островот Батам, во близина на Сингапур.
Овие контејнери беа полни со комбинација од ѓубре, пластичен отпад и опасни материи, спротивно на правилата за увоз.
Властите во Батам, исто така, планираат да вратат уште 42 контејнера со отпад, вклучувајќи на САД, Австралија и Германија.
Според Светскиот фонд за природата, околу 300 милиони пластика се произведува секоја година, а дел од неа завршува на депониите или во морињата.