(ВИДЕО) Јанушев: Станува јасно дека Заев е директно вмешан во уценувањето и изнудувањето на милионски износи

Од:

„Ништо нема да биде во ред се додека главата на криминално – рекетарскиот октопод е на слобода и го командува Русковска обвинителството.

Македонија е распната на меѓународниот столб на срамот. Јасно е дека со Зоран Заев на власт, мафијата си доби своја држава. Институциите наместо во служба на граѓаните, ставени се во служба на криминалот“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Секој чесен граѓанин на Република Македонија е огорчен од ова што го гледаме и слушаме секодјневно. Третиот чин од овој крими филм на власта целосно ги разголува и Зоран Заев и неговата штитеничка Катица Јанева.

Нема поголемо лицемерие од барањето на Заев правдата да излезе на виделина. Заев е жив фатен во криминал и тоа не прв пат и гледа само како да се спаси.

Неговата штитеничка и соработничка Јанева, лаже исто како шефот Заев. Од најновиве снимки, секој може јасно да слушне колку Јанева разговара официјално и колку Јанева била во комуникација само поради истрагата. Еве заради вакви криминали Македонија е се подалеку од Европската Унија.

Ако некој до сега имаше било каква резерва за главата на рекетарско-политичко-обвинителскиот октопод, сега веќе на сите им е јасно.

Од снимките станува јасно дека Зоран Заев е директно вмешан во уценувањето и изнудувањето на милионски износи со цел да се прави пазар со правдата.

Првообвинетиот во рекет, лицето Бојан Јовановски сега веќе познат како Боки Тредичи јасно и гласно кажува дека има зборувано со Зоран Заев за целата операција. Тој покажува нивни заеднички приватни слики и кажува за чести заеднички средби.

Ако сето ова го знаеле од обвинителството на Русковска и ако ова е дел од материјалите кои ги имаат како докази, зошто ја манипулираа јавноста дека демек еве Зоран Заев прв пријавил? Овој материјал посочува дека тој дури и да пријавил, тоа го сторил за да се спаси бидејќи знаел дека постојат докази за неговата вмешаност во целата операција на Боки 13 и Катица Јанева и веројатно дал амин таа да се реализира.

Ако материјалите кои излегуваат во јавноста ги поседува обвинителството на Русковска, тогаш наместо на одмор и замрзнување на истрагата, таа досега требаше да даде налог Катица Јанева да биде приведена, а истото требаше да го направи и за Зоран Заев. Во ваква ситуација останува сомнежот дека целата истражна постапка која наводно ја води обвинителството е една голема фарса која има за цел да ги заштити високите функционери кои се дел од криминалот. Да се остави толкав простор за уништување на доказите не е водење на истрага, туку уништување на истата.

Боки Тредичи не само што кажува дека има зборувано со Заев за изнудата, туку и во материјалите тврди дека тој нема да прави проблеми. Ова е потврда на сомнежите дека Боки 13 не бил сам. Ако веќе станува јасно дека Катица Јанева комуницирала и давала насоки, сега веќе постојат сериозни индиции дека исти вакви насоки на лицето Боки му давал и Зоран Заев.

Не е тешко да се утврди каде патувала торбата Луј Битон полна со милион ипол евра. Преку базните станици лесно може да се утврди движењето на Боки Тредичи и деновите пред да ја земе скапата торба и откако ја зел, само и само доколку постои волја за истото.

Во живо гледаме уништување на правната држава. Гледаме дека обвиненија биле подигани со цел после тоа да се прават милионски пазари и рекет со нив. Гледаме како врхушката на овој октопод прави се само за да биде спасена. Гледаме дека луѓе како Димитар Димовски, Дејан Митевски и останати за ништо лежат во затвори, а Катица Јанева, Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев и останатите кои се поврзани со криминал уживаат на плажите и лицемерно повикуваат на расчистување на случајот.

Оставки од сите инволвирани во овој рекетарско-политичко-обвинителски октопод и итни и неодложни предвремени парламентарни избори е единственото можно решение.“, наведе Јанушев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Зошто од истрагата е изоставен Томо Донев кој до несреќата повеќе од една година е началник за криминалистички работи во Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Во Здравство знаеле дека договорот и анексот на Филипче се криминални, одбивале да ги потпишат

Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

ДУИ: Изградбата на над 150 дивоградби во Чаир не е само урбан криминал, туку и политички притисок врз челниците на партиите миленици на Мицкоски

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти