ВМРО-ДПМНЕ: Време е Јанева да се врати од сончање по грчките плажи и конечно да ја каже вистината

Од:

„СДСМ и владата на Зоран Заев немаат ниту свест, ниту чувство, а уште помалку способност за градење на правна држава, на која што толку многу се повикуваа.

Попусти се извиците на функционерите на владата во одбрана на Катица Јанева и Вилма Русковска. Граѓаните се згрозени откако целата јавност виде како се тргува со правдата во Македонија.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Обвинителството и судството под пипците на криминалниот октопод на Заев и функционерите на СДСМ се предмет на потсмев не само во македонската јавност, во регионот, туку и пошироко. Напрегањата во одбрана на Катица Јанева и перењето на срамот кој што секојдневно го преживуваат граѓаните од оваа влада, која очигледно ги брани криминалците се огромни. Тоа е доказ за нивната вмешаност во криминалниот октопод.

Јасно е дека правда и мир нема да има во Македонија се додека СДСМ е на власт, се додека владее октоподот и рекетарските дејанија на поединци.

Власта наместо да пропагира клише излитени фрази од типот „доколку некој направи криминал, треба да одговара“, треба да престане да влијае врз правосудните органи. Зоран Заев нема каде да се скрие затоа што јавноста бара одговори и одговорност за криминалните мрежи на власта за кои слушнавме и видовме како се вршат.“, се додава во соопштението.

„Обвинителството треба да одговори каде завршила Луј Витон чантата, кој се е вмешан во бесрамното криминално рекетирање и конечно да одговараат пред законот оние кои што ја злоупотребија довербата на граѓаните.

Време е Катица Јанева да се врати од сончање по грчките плажи, да ја погледне македонската јавност во очи, која толку ревносно и транспарентно ја известуваше за случаите и истрагите кои ги злоупотребуваше и конечно да ја каже вистината.

Итно е потребно Јавното обвинителство да делува, истрагите да го расветлат милионскиот рекет и истото да престане да му слугува на Зоран Заев.

На власта треба да и биде јасно дека со „Се ќе биде океј“ обвинителство, злоупотребите, лагите и криминалот само се дозакопува и понижува на конто на граѓаните и државата. После ваков невиден скандал, што ли друго може да се очекува од институциите кои работат под раката на криминалниот октопод на Зоран Заев?

На Македонија и е потребна итна и неодложна промена на криминална власт, на која единствена намера и е да си ги полни сопствените џебови. За да може да има правда во Македонија, обновата на државата е неопходна и нужна.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО