Чавушоглу: Договорот за зоната за безбедност во северна Сирија е добар почеток

Од:

Турција соопшти дека договорот со САД за воспоставување таканаречена Зона за безбедност во североистичниот дел на Сирија е добар почеток, но предупредува на опасноста доколку дојде до доцнење во неговата примена.

-Завчерашниот договор можеме да го оцениме како многу добар почеток, изјави шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу, еден ден откако Турција и САД соопштија дека постигнале договор за формирање заеднички оперативен центар за воспоставување на таквата безбедносна зона, не наведувајќи никави детали за неа.

Чавушоглу, меѓутоа, пренесоа американските медиуми, додаде дека турската Влада нема да дозволи да дојде до блокада на неговото спроведување, како што се случи со минатогодишниот план постигнат со Вашингтон, со кој беше предвидено повлекување на курдските сили од Манџиб, на западниот брег на Еуфрат.

Сирија, од друга страна, оцени дека договорот претставува грубо кршење на нејзиниот суверенитет и израз на турските „експанзионистички амбиции“ кон нејзината територија, со помош на САД и неговите сириски сојузници, бутновничките сили под водство на Курдите

Анкара инсистира од овој регуион да ги потисне силите на сириските Курди, најсилната вооружена бунтовничка групација во борбата против Исламска држава и сојузници на Вашингтон, сметајќи ги за терористи поврзани со курдските бунтовници во самата Турција.

Турција, во координација со САД, сака да воспостави контртола врз зона меѓу 30 до 40 километри во внатрешноста на Сирија, источно од Еуфрат, и да ги потисне курдските сили од тоа подрачје.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас