Компанијата „Фејсбу“к, која во своја сопственост ги има „ВатсАп“ и „Инстаграм“, планира да ги промени имињата на популарните апликации во „WhatsApp From Facebook“ и „Instagram From Facebook“.
Ова е првпат наведените апликации да ги менуваат имињата.
„Фејсбук“ го купи „Инстаграм “во 2012 година, а подоцна во 2014 и компанијата „ВатсАп“.
Тимовите кои работеле на овие апликации функционирале одделно од компанијата „Фејсбук“, но сопственикот Марк Закерберг одреден период се обидува името „Фејсбук“ да го додаде во имињата на апликациите, а ќе се појавува и во самата апликација.
Измените нема да влијаат на функционирањето и изгледот, а во известувањето за јавноста се наведува дека „Фејсбук“ сака да потенцира дека апликациите се негов производ.
Моментно се работи на тој проект и новите имиња ќе бидат наскоро видливи, а најголемата измена е во тоа што овие три апликации ќе ги соединат своите сервиси поврзани за испраќање пораки.