Препораки за најавениот топлотен бран

Од:

Да не се фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не се пали оган и скара на отворен простор и шума, да не се дозволува децата да си играат со запалки, пламен и жар, да не се пали отпад и друг горлив материјал, ниту стрништа и меѓи, а ако се забележи пожар веднаш да се извести Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Ова се препораките на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) согласно најавите од УХМР за топлотниот бран што се очекува да ја зафати земјава во наредните денови, особено од четврток до средината на наредната недела, кога ќе биде активирана жолта фаза за високи температури, а во некои региони и портокалова фаза.

Покрај основните препораки за однесување во вакви услови, ДЗС презема и мерки за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор. Воедно апелира до општините, граѓаните и посетителите на земјава, да внимаваат кога се на отворено.

Дирекцијата потсетува дека од март е донесена забрана за движење во шума и шумско земјиште освен за вработените во ЈП национални шуми, а со цел зачувување на шумите, од 15 јули до 15 август, на територијата на целата земја, се спроведува Кампањата за заштита од пожари под мотото „Иднината им припаѓа на оние кои се подготвени – Природата е наша одговорност“.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски