Министерството за правда бара од Кривичниот суд да се произнесе за екстрадицијата на Морина

Од:

Министерството за правда на Република Северна Македонија до Основниот кривичен суд – Скопје, доставило барање со целокупната пропратна документација за произнесување на Судот во однос на постапката за екстрадиција на поранешниот член на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Томор Морина, за кој на 25 јули годинава беше прифатен предлогот за определување мерка притвор заради екстрадиција по распишана меѓународна потерница.

– Судијата на претходна постапка, согласно законските одредби, барањето ќе го испрати на мислење во надлежното Обвинителство, а по добивање на мислењето Судот ќе се произнесе и одговорот ќе го достави до Министерството за правда, кое е надлежно во понатамошниот дел од постапката за екстрадиција, соопшти Основниот кривичен суд – Скопје.

Воедно, како што стои во соопштението, денеска е добиено барање за посета на притвореното лице од страна на претставници на Косовската амбасада во Скопје, кое барање согласно член 178 од ЗКП, им е одобрено.

Би можело да ве интересира

Вајц: Уставните измени се услов за напредок на македонскиот европски пат

АХВ во зимски сон: Бубашваби на менито секој ден за средношколците во интернатот Здравко Цветковски ГУЦ

Предраг Петровиќ

Државјанин на БиХ со хрватски „мерцедес“ возеше над 207 км на час на пат во Србија

А1он

Гаши: Ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски

Сијарто: Нема да ја оставиме Србија без енергетски ресурси