Променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во северните и источните делови ќе има појава на пороен дожд и грмежи, а локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 25 степени, а дневната температура ќе се движи од 25 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе достигне до 20 степени, а дневната температура до 33 степени.

Од понеделник следува период на сончево време со повторен пораст на температурата.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски