На граничниот премин „Богородица“ се чека повеќе од половина час

Од:

Поради празничниот викенд, интензитетот на сообраќајот низ земјава е зголемен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања, освен на „Богородица“ каде времето на чекање е околу 30 – 45 минути, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, но и покрај тоа, се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова, според АМСМ, посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција