Лацио и Фиорентина се во голема борба да го донесат во своите редови играчот на Тотенхем и поранешен напаѓач на Јувентус, Фернандо Љоренте.
На Љоренте му истече договорот со Тотенхем, па одлучил да бара нов клуб каде би ја продолжил кариерата, а моментално најголем интерес покажуваат клубовите од Италија.
Лацио сака са го ангажира како замена за Фелипе Каицедо, кој иако има уште една година до истекот на договорот со римскиот клуб, сепак, најавил дека ќе замине.
Фиорентина, пак, би сакала да го види овој напаѓач во својот тим бидејќи веруваат дека тој сигурно ќе може да им помогне во остварувањето на своите планови оваа сезона.