СПМ ги осуди протестите во Скопје

Од:

Социјалистичката партија на Македонија денеска на прес-конференција ги осуди за насилните протести што изминатите два дена се случуваа во Скопје.

– СПМ најостро го осудува манифестирањето на национализам без оглед од која страна доаѓа. Национализмот секогаш отвара огромни рани, остава крупни последици и носи само трагедии. Потпалувањето на меѓуетничките односи е неприфатливо за денешната македонска држава и е спротивно на заедничките заложби за градење на мултиетничко општество, на разбирање и толеранција, рече портпаролот на партијата Малиша Станковиќ.

СПМ ги повикува надлежните институции на државата да ги преземат сите потребни мерки за расчистување на ситуацијата и откривање на организаторите, поттикнувачите и виновниците за насилството и нередите во изминатите денови.

Социјалистичката партија на Македонија денеска изрази и задоволство што опозицијата донесе одлука да се врати во работата на Собранието и да учествува на претстојните локални избори.

– Изминатиот двомесечен период е пример како не треба да се работи спротивно на интересите на сопствениот народ и држава. Истовремено укажуваме дека од погрешните одлуки и од капитулантството не треба да се книжат придобивки. Конечно, очекуваме дека од сето ова опозицијата ќе извлече заклучоци за начинот на идното работење и за градењето позитивна политичка клима во интерес на граѓаните на Република Македонија, рече Милетиќ на прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов