Пари Сен Жермен го објави трансферот на Идриса Геј од Евертон. Според извештаите на медиумите, договорот е вреден 29 милиони фунти.
Сенегалецот, кој потпиша договор за четири сезони, стана 53-тиот Африканец, кој ќе ги брани боите на парижаните.
– Јас сум горд што потпишав со ПСЖ. Ова е еден од најдобро структурираните и најамбициозни проекти во Европа. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата и да се интегрирам во овој талентиран состав, рече 29-годишниот играч од средниот ред.
Идриса Геј помина три години на „Гудисон Парк“, откако забележа 108 натпревари и четири гола во дресот на Евертон.