Уште една победа за Реал Мадрид над вечниот ривал Барселона постигната попладневно на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, во дуел од 26.коло во Примера на кој домаќините настапија со комбиниран состав.
Конечниот резултат изнесуваше 2:1 за домаќините кои поведоа со голот на Карим Бензема во 6.минута. Лионел Меси во 18.минута изедначи на 1:1, а победата на кралскиот клуб му ја донесе Серхио Рамос во 82.минута.
И покрај поразот Барселона има убедлива разлика на врвот на табелата и е најблиску до освојување на шампионскиот трофеј, но Каталонците треба да бидат загрижени за нивната форма пред реваншот со Милан во осминафиналето од Лигата на шампионите, како и за резултатската криза во која западнаа последните десетина дена.
За Реал оваа победа значи задржување на шансите за освојување на второто место, како и зголемување на довербата пред реваншот во ЛШ против англискиот претставник Манчетсер Јунајтед.
Синоќа се одигра првиот дуел од оваа рунда во Примера на кој Хетафе ја победи Сарагоса со 2:0.
Другите натпревари од оваа рунда се играат вечерва, утре и в понеделник.
Табела: Барселона 68 бодови (натпревар повеќе), Атлетико Мадрид 56, Реал Мадрид 55 (натпревар повеќе), Малага 42, Валенсија 41, Сосиедад 40, Бетис 39,…