Бериша обвинува дека тројката Вучиќ-Тачи-Рама посакува затвор за Харадинај

Од:

Поранешниот албански претседател, екс премиер и почесен лидер на опозициската Демократска партија, Сали Бериша за Би-Би-Си ја коментираше оставката на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, што тој ја поднесе по поканата од Специјалниот суд во Хаг.

Според порталот Албеу, кој ја пренесува веста, Бериша изјавил дека нема да се занимава со оние кои прават заговори за тоа кој би можел да биде зад поканата на Специјалниот суд, туку дека тој зборува со факти кои се многу јасни.

Посочува дека зад решетки Харадинај сакаат да го видат тројката Вучиќ-Тачи-Рама, и Батон Хаџиу, на кого поранешниот албански премиер му се обраќа како „Батон Станишиќ“. Хаџиу е познат албански аналитичар по потекло од Косово, кој е советник на премиерот Еди Рама.

-Најзаинтересирани за да го видат Рамуш Харадинај зад решетки, се големосрпскиот претседател Вучиќ и албанофобската тројка Зографот Блис (Еди Рама), албаноговорникот Миладин(Хашим Тачи) и Батон Станишиќ(Батон Хаџиу), изјави Бериша.

Според него, Харадинај е можно да бил повикан од Специјалниот суд откако Белград неодамна испратил досие во Хаг. Сепак, додава, треба да се види дали во тоа досие има вмешаност и албанската тројка, Тачи-Рама-Хаџиу.

Инаку, Бериша веднаш рагираше кога Харадинај поднесе оставка, оценувајќи дека тоа претставува достинствен државнички чин.

-Во овој случај, ја искажувам мојата огромна почит за делото и вистинскиот машки чекор на Рамуш Харадинај и силно верувам во меѓународната правда, која до сега двапати го прогласи за невин, рече Бериша.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви