Специјалната обвинителка Катица Јанева на состанок ги известила дел од вработените во СЈО дека ќе биде извршено „форензичко бришење“ на датотеки од сите компјутери во СЈО“.
Дел од вработените ја прашале зошто Јанева бара да се спроведе бришење на датотеките, но шефицата во оставка не ја кажала причината. Тие се побуниле на ваквата одлука донесена од Јанева.
Јавноста прашува зошто Катица Јанева бара „форензичко бришење“ на сите компјутери, токму во период кога се води постапка за случајот „Рекет“ каде таа е доведена во корелација со Боки 13, кој е еден од осомничените во случајот.
Обвинителката Вилма Русковска која го води случајот „Рекет“ во изјава за „А1он“ вели дека не сака да коментира непотврдени информации“.
„Не сакам да коментирам непотврдени и непроверени информации. Хипотетички не размислувам додека информациите не се потврдат“, рече Русковска.
Веста за постапката на специјалната обвинителка за брзо се рашири на социјалните мрежи, а се бара Јанева веднаш да понесе одговорност и постапката за бришење на податоците веднаш да запре.
Обвинителката Јанева поднесе оставка, но таа ќе биде активна откако ќе биде избран шеф на новото обвинителство, што секако и без оставката, значи нејзино заминување.