Бекот на Интер, Жоао Миранда постигна договор со Јангсу Сунинг, откако го прекинал својот договор со Интер со обострана согласност.
Бразилецот имаше средба со раководството на Интер, кое даде зелено светло за неговиот трансфер во кинескиот клуб.
Миранда ќе потпише тригодишен договор со Јангсу Сунинг, кој како и Интер е во сопственот на Групацијата Сунинг.