Лимај бара предвремени избори, не прифаќа техничка влада

Од:

Косовскиот вицепремиер и лидер на партијата Социјалдемократска иницијатива (Нисма), Фатмир Лимај смета дека земјата, по оставката на премиерот Рамуш Харадинај, што поскоро треба да оди на избори и одбива секаква можност за формирање техничка влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лимај во интервју за агенцијата „Косова Прес“ изјави дека предвремените избори се единственото решение за моменталната политичка ситуација во Косово по оставката на Харадинај.

– Ставот на Нисма уште од самиот почеток е дека во моментот кога е поднесена оставката Косово е на прагот на избори. Ние како политички субјект сме подготвени за избори и се подготвуваме за изборниот процес, секако почитувајќи ги процедурите со кои не обврзува Уставот и законот. Тоа е реалноста и верувам дека таа е секому јасна, изјави Лимај.

Тој нагласи дека неговата партија нема да биде дел од никаква техничка влада и очекува државата да се стекне со силна влада, која ќе биде подготвена да се соочи со сериозни предизвици.

– Сметам дека е време со гласовите на граѓаните да изградиме една влада која ќе ја преземе одговорноста за многу значајни теми за државата. Знаеме сите дека не очекуваат многу теми. Како никогаш порано на Косово му е потребна една силна и моќна влада, подготвена да се соочи со значајните теми кои ќе ѝ ја отворат перспективата на нашата земја. Тоа што сакам да го кажам е дека ова што следува не се само вообичаени избори, ова се повеќе од избори, изјави Лимај.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски