Европската комисија на 17 мај кажа дека Република Северна Македонија ги има исполнето критериумите и му препорачува на Советот да одобри датум за преговори, истакна денеска вицепремиерот Бујар Османи на прес-конференцијата со директорот за државни патишта Зоран Китанов, одговарајќи на новинарски прашање дали нашата земја ги испонува критериумите за почеток на преговори со ЕУ.
– Денеска имав средба со еврокомесарот Јоханес Хан и кажав дека нашето мото во овој период по јуни беше реформи – реформи до октомври. Ние не застануваме и покрај тоа што Комисијата има констатирано дека сме ги исполниле сите услови. Прашањето што до октомври треба да го заокружиме е законот за Јавно обвинителство и тука ставовите на сите ни се јасни. Како вицепремиер за европски прашања и како претставник на ДУИ можам да кажам дека нашите основи постулати се два, а тоа е дека мора да има обвинителство односно институција која ќе се занимава со висока корупција и второ дека мора да се продолжи со тоа што е почнато од страна на Специјалното јавно обвинителство, нагласи Османи.
Тој појаси дека пред три дена седница на Влада е поминат законот за Јавното обвинителство, и дека тие како ДУИ го одобриле, како што рече, имајќи предвид дека се испочитувани двата постулата. Османи појасни дека останало отворено само прашањето за употреба на јазикот и за „Бадентер“ за овој закон. Според него, дополнително е оставено пристор да се реагира преку амандмани или да се врати на Влада па да се препрати во Собранието за да се реши прашањето за јазикот во овој закон.