А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Додека Охрид се мисли, екологистите укажуваат: За мораториум за градење нема законска пречка од 2017 година

by Маја Илиевска-Пачемска24/07/2019 - 16:21834
Share0

Додека Охрид размислува, екологистите укажуваат дека за мораториум за градење нема законска пречка уште од 2017 година кога таква препорака стигна од УНЕСКО. Наспроти очекувањата градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, веднаш да закаже седница на Советот со мораториум на дневен ред, тој денес преку соопштение до медиумите кусо извести дека ќе ги разгледаат законските можности за мораториум.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Општинските надлежни служби ќе ги разгледаат законските можности во однос на владината препорака за прогласување мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство“, стои во соопштението.

Градоначалникот Георгиески денес беше презафатен да одговори на прашањата од „А1он“ во врска со препораките од Владата. На неговиот мобилен телефон се јавуваше секретарката, која љубезно објаснуваше дека градоначалникот е на состанок.

На прашањата кога е следната седница на Општина Охрид и дали мораториумот ќе биде на дневен ред, не одговори ниту одделението за односи со јавност на Општина Охрид.

Следете a1on на Youtube YouTube

Еколошкото здружение „Фронт 21/42“ потсетува дека услови за мораториум во Охрид постојат од 2017 година.

„Уште од 2017 година нема никакви законски пречки за прогласување мораториум за градење. УНЕСКО уште тогаш, во 2017, испрати препораки за мораториум на урбанизацијата на крајбрежјето, а посочи и дека треба да се стопира легализацијата на дивоградбите. Се сменија градоначалниците, но ниту еден не одлучи да прогласи мораториум“, вели Александра Бујаровска од „Фронт 21/42“.

Таа вели дека за официјална реакција по повлекувањето на Планот за управување со природното и културно наследство ќе чекаат записник од седницата во кој очекуваат дека биде образложена причината за неговото повлекување и следните чекори во врска со овој план.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, освен дека ќе ја разгледаат можноста за мораториумот, денес извести дека во рок од 10 дена ќе изготват акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО.

 

divogradbifront21/42konstantin georgievskimoratoriumohridunesko

Би можело да ве интересира

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

Горан Наумовски02/05/2026 - 12:50

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски27/04/2026 - 06:4327/04/2026 - 06:52

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он28/03/2026 - 11:3928/03/2026 - 16:36

УНЕСКО потврди: Палати и древни џамии се оштетени во нападите врз Иран

Горан Наумовски12/03/2026 - 20:30

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби

Горан Наумовски12/02/2026 - 11:04

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто