Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас се збогува со турскиот клуб Фенербахче, a од следната недела треба да го облече дресот на Наполи.
Елмас денеска преку видео на социјалните мрежи се прости од Фенербахче.
Фенербахче денеска објави дека македонскиот репрезентативец нема да биде во тимот за нивните претсезонски подготовки во Австрија. Очекувањата во Италија се дека Наполи ќе плати околу 15 милиони евра на Фенербахче за услугите на нашиот фудбалер.
Во текот на утрешниот ден се очекува Елмас да ги помине медицинските прегледи пред да го потпише договорот со наполитанците.