Барселона во последните две недели ги доживеа најтешките порази, уште од времето кога Пеп Гвардиола беше на клупата на „Брауграна“.
Поразот од Милан во Лигата на шампионите, и испаѓањето од Реал во шпанскиот Куп може да биде клучен момент за нив од оваа сезона.
Со новото „Класико“ на повидок, кое можеби нема да има резултатко значење за нив, потребно подигнување на моралот кај играчите за подобрување на нивната самдоверба.
Во тој контекст, в.д. тренерот на Барса, Жорди Роура можеби ќе се обиде да го подигне моралот и самодовербата на играчите со повик за настап на Абидал во Мадрид. Доколку тоа се случи, ќе биде прв настап за Абидал по долгата пауза поради болеста.
Иако сеуште нема официјална листа на играчите кои ќе патуваат за Мадрид, од неофицијални извори од каталонскиот клуб велат дека самото присуство на Абидал ќе биде навистина значајно, и ќе претставува освежување за играчите пред нивниот следен настап.