Мета: Горд на Харадинај, нема притисок што ќе го скрши државникот и национaлен херој

Од:

По неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај реагираше и албанскиот претседател Илир Мета.

Преку пост на Фејсбук Мета изрази убеденост во невиноста на Харадинај и нагласи дека „не постои притисок кој може да го скрши државникот и национален херој”.

– Горд сум на Рамуш Харадинај и убеден во неговата невиност. Не постои притисок кој може да го скрши државникот и народен херој. Од денеска сите треба да спиеме помалку, да се загрижиме повеќе и посилно да се обединиме Косово и нашиот регион да не бидат под закана на мирот, безбедноста и европската иднина, напиша Мета.

Во врска со оставката реагираа и актуелни и поранешни партиски лидери и министри, кои оценуваат дека тоа е чин на вистински државник и веруваат дека повторно ќе биде потврдена неговата невиност.

Нема реакција од премиерот Еди Рама, кој не е во добри односи со Харадинај, поради поддршката на Рама за идејата на косовскиот претседател Хашим Тачи за промена на границите и размена на територии меѓу Косово и Србија, на што остро се спротивставува Харадинај.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина