Стариот театар со нови дополнителни трошоци ќе го надмине најавеното отворање

Од:

Министерство за култура минатиот месец склучи нов договор, вреден 1,5 милиони евра, со италијанска компанија „Ламоне Мореда“ за дополнителни градежни работи на Стариот театар не левиот кеј од Вардар.

Овој договор ќе го потроши буџетот за вкупно 93,149,447 денари. Според слободни пресметки, изградбата и доградувањето на Стариот театар досега ја надмина сумата од 25 милиони евра, додека во првичните планости требаше да чини 6 милиони евра.

Покрај овој договор, беа склучени договори и со други два правни субјекти за финиширање на објектот, со нешто помала вредност.

Најновиот договор е со времетраење од четири месеци, што најверојатно ќе го помине најавениот рок за официјално пуштање во употреба на 27-ми март, датум кога се одбележува Светскиот ден на театар.

На Стариот театар треба да се доврши градежните, градежно-занаетчиските, завршните и инсталатерските работи на партерот, заштита на градежната јама за изведба на машинската сала и проширување на техничката врата на северната фасада на објектот. Надворешното осветлување на фасадата веќе е поставено и пред неколку дена беше извршено пробно вклучување на еден негов дел. Изградбата започна на почетокот на 2007-ма година.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски