Грција се соочува со фармацевтска криза

Од:

Во Грција се очекува сериозна фармацевтска криза, откако водечките светски производители предупредија дека ги прекинуваат испораките кон земјата поради ниските цени и неможноста да ги наплатат своите побарувања, јави дописникот на МИА од Атина.

Во моментов во Грција стотици лекови многу тешко се наоѓаат или воопшто ги нема во аптеките, меѓу кои се лековите за терапија при артритис, хепатит Ц, антибиотици, психотропни препарати имуномодулатори и други.

Во Атина е објавен список со 50 компании кои планираат да ја прекинат својата продажба во земјата, на кој, меѓу другите, се и „Физер“, „Роше“, „Санофи“ и „ГлаксоСмитКлајн“.

Меѓународниот Црвен Крст исто така соопшти дека ќе го намали дотурот на крв за Грција. поради истиот проблем – неплатени сметки.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески