Кавга меѓу коалициските партнери во Италија, можни се предвремени избори

Од:

Италијанскиот заменик премиер Луиџи Ди Маио денеска го повика на средба својот владин партнер и втор заменик премиер Матео Салвини во своевидна мировна мисија што следи по взаемните обвинувања од кои прозлезе загриженоста за стабилноста на италијанската владеачка коалиција.

-Треба да разговараме и денеска да се видиме, рече Ди Маио во интервју за државната РАИ3.

Првиот човек на „Движењето 5 ѕвезди“, истовремено, потврди дека не е на повидок крај на владеачката коалиција.

-Владата не е доведена во прашање, рече тој.

Ди Маио и Салвини, лидерот на екстремно десничарската партија Лига, пред една година, по парламентарните избори, кога немаше апсолутен победник, создадоа неочекуван сојуз. Нивните врски, меѓутоа, беа нарушени откако партијата „Лига“ на мајските избори за Европскиот парламент оствари подобар резултат од „Движењето 5 ѕвезди“, па Салвини потоа почна да се однесува како вистински премиер.

Изборот на Урсула фон дер Лајен за нов претседател на Европската комисија го предизвика најновиот судир меѓу двајцата сојузници, со тоа што Ди Маио го поддржа, а Салвини беше против нејзиниот избор.

Гласините за можна криза во коалицијата се засилија вчеравечер кога се дозна дека Салвини побарал средба со претседателот Серџо Матарела.
Салвини, доцна синоќа гостуваше на едно телевизиско шоу, каде демантираше дека планира да му ја предаде својата оставка на претседателот на државата.

Италијанските медиуми денеска нагаѓаа за можноста Италија да има предвремени избори уште оваа есен.

Ди Маио денеска порача дека сака да се сретне со Салвини подоцна во текот на денот за да ги договорат отстапките.

-Зрелите луѓе е подобро да се видат отколку да разговараат преку медиумите, рече Ди Маио.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим