Хрватски европарламентарци ќе се избираат на 14 април

Од:

Изборите за хрватски пратеници во Европскиот парламент (ЕП) ќе се одржат на 14 април, објави денеска хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ, нагласувајќи дека ваквата одлука е донесена по консултации со Владата, парламентарните партии и невладини здруженија.

Тој истакна дека одлучил изборите за ЕП да се одржат одделно од локалните, кои се закажани за 19 мај, со цел „европските избори да не ја загубат автономијата и препознатливоста“.

– Ќе потсетам на големото значење на изборите за ЕП. Првпат нашите граѓани ќе бираат свои претставници во Европскиот парламент… и овие избори имаат голема симболичка вредност, нагласи Јосиповиќ.

Хрватскиот претседател изборите за европратеници ги распиша согласно своите законски овластувања.

Хрватскиот сабор на 22 февруари одлучи дека изборите за 12 хрватски пратеници во ЕП ќе се спроведат пред членството на Хрватска во ЕУ, со можност изборите да се распишат истиот ден кога се одржуваат и локалните, односно на 19 мај.

Петгодишниот мандат на сегашниот состав на ЕП истекува во јуни 2014 година, кога ќе се одржат европски избори на ниво на целата Унија, вклучувајќи ја и Хрватска.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари