Шефот на грчката дипломатија во посета на САД

Од:

За прашањата од билатерален, регионален и меѓународен интерес денеска ќе разговараат шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас и неговиот американски колега Мајк Помпео за време на нивната средба во Вашингтон, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Грција.

Дендиас ќе биде во дводневна посета на САД, а ќе оствари средби и со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џон Болтон, со сенаторот Боб Мендез, ќе учествува на министерската конференција за унапредување на верската слобода што ќе се одржи денеска и утре во Вашингтон, а ќе биде дел и од тркалезна маса на тема протерување на христијаните од Блискиот Исток и заедно со архиепископот Елпидофорос и претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Нанси Пелоси, јави дописничката на МИА од Атина.

За претстојната посета и средбите во САД, како и за резултатите од состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, одржан во понеделникот, министерот за надворешни работи на Грција вчера го информираше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер средбите на Дендиас во Вашингтон се „со цел да се прошират стратешките односи Грција – САД.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески