ВМРО-ДПМНЕ: Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта

Од:

„Кои се „Кики” и „Фрики” од рекетарските приказни објавени во медиумите и дали не се приведени само заради тоа што се високи функционери во СДСМ и знаат многу информации за криминалите на Заев и неговите соработници?

Кој е јавниот обвинител и зошто неговиот идентитет се крие? Зошто само е побарано да го предаде телефонот кога за многу помали случаи, со фингирани белешки оваа власт упаѓала во домови и притворала?

Апсењето на Боки 13 е само дел од рекетарската приказна на власта“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тие што имаа среќа да не го почувствуваат на своја кожа рекетот на власта, читаа како функционери на СДСМ блиски до Заев заедно со медиумски сопственик се заканувале на фирми и бизнисмени дека доколку не ја платат побараната сум, утре може да ги снајде некое злодело.

Ова е институционален криминал кој што невозможно е да бил спроведуван без знаење на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Впрочем и самиот Заев призна дека не само што знае за рекетарската сага, туку дека знае и кои лица се кријат позади псевдонимите.

Заев и неговите најблиски соработници не смее да бидат амнестирани. Истрагата мора да продолжи и целата разврска да резултира со одговорност за сите ликови од оваа рекетарска и криминална банда вклучително и функционерите од владата и СДСМ.

Зоран Заев ги деградираше и девалвираше институциите. СЈО го претвори во продолжена рака за заштита на сопствениот криминал и политички прогон врз неистомислениците. Мора да има одговорност за криминалите во СЈО.

Владеењето на оваа власт го бележат единствено криминал, корупција и расипништво. СДСМ и Зоран Заев мора што поскоро да си заминат за да се врати владеењето на правото и законите во Република Македонија“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”