Челниците на францускиот шампион планираат да го донесат во Париз средниот играч на Борусија Дортмунд, Абдоу Диало.
Преговорите со Диало се при крај, а како што пишуваат француските медиуми, за да ја оствари својата цел ПСЖ ќе треба да и плати на Борусија 32 милиони евра.
Истите извори наведуваат дека 23-годишниот фудбалер на германскиот клуб ќе потпише петгодишен договор со парижаните и дека договорот набргу ќе биде објавен.
Инаку, Французинот настапува на средината на теренот, а во Дортмунд дојде од Маинц за околу 28 милиони евра.