ВИДЕО: Димитровски доби црвен картон од Отпорот

Од:

„Отпорот“ ги продолжи своите протести и денеска во Кочани. Пред насобраните зборуваше Влатко Серафимов, член на Централниот Одбор на СДСМ.

Тој го потсети актуелниот Градоначалник на Општина Кочани, Ратко Димитровски за неговите големи, капитални ветувања пред четири години од кои како што потенцираше се направија многу малку проекти и тоа проекти кои беа во изборната програма на ОО СДСМ – Кочани.

Свое обраќање имаше и Миле Андонов кој само ги потсети присутните за нивните активности до и за време на изборите, но и го закажа следниот протест кој ќе се одржи во Петок.

На крајот сите присутни на протестот на Градоначалникот Ратко Димитровски му покажаа црвен картон.

ФОТО: Комарец

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип