Трамп прогласи вонредна состојба поради ураганот Бери

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба додека тропската бура Бери се приближува кон Њу Орлеанс, кој е веќе поплавен.
.
– Бурата вечер или в сабота на утро треба да се претвори во ураган, непосредно пред да стигне до брегот на Лујзијана, објави Националниот центар за урагани.

Трамп апелираше до населението да ги следат препораките на сојузните и локалните власти.

– Ве молам бидете подготвени, внимателни и на сигурно, напиша Трамп на Твитер.

Жителите на Њу Орлеанс стравуваат од реприза на 2005 година и ураганот Катрина, при што загинаа 1.577 луѓе во Лујзијана, и 238 во Мисисипи и предизвика голема материјална штета.

Тропската бура, за која се очекува да стане ураган наречен Бери, би можела да удри западно од Њу Орлеанс на реката Мисисипи. Њу Орлеанс е веќе под вода поради поројните дождови претходните денови. Поплавен е и историскиот Француски кварт.
Тексас го подигна степенот на предупредување и подготвува центар за вонредни ситуации.

Превентивно се затворени една третина од постројките за преработка на сурова нафта во Мексиканскиот Залив, а нафтените платформи се евакуирани.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски