ВИДЕО: Откриено „езеро од лава“ кај Антарктикот

Од:

Научници од колеџ во Лондон и Британската антарктичка асоцијација со помош на сателит откриле „езеро од лава“ на Саундер – остров што се наоѓа на крајниот исток на Антарктикот.

Езерото е едно од осумте од ојот вид што досега се откриени на Земјата. Се претпоставува дека температурата на лавата тука е меѓу 989 и 1.279 Целзиусови степени.

Според стручните лица, островот и вулканската планина на него се многу тешко достапни, па без сателитски снимки со висока резолуција, е скоро невозможно да се дознае нешто повеќе за овој природен феномен.

Еден од следните планови вклучува и прелет со авион или дрон над вулканот, за да може да се сними езерото. Тој потфат ќе биде сложен и, за да се реализира, веројатно ќе минат години.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

Санта мраз голема колку Лондон се одвои од Антарктикот

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Бугарски воен брод за научни истражувања отплови од Варна кон Антарктикот

А1он