Индијците изненадени: Проектот на Орданоски е речиси ист со нашиот

Од:

Индиската компанија „Оизом“ тврди дека нивниот уред за мерење на загаденоста на воздухот е речиси идентичен со уредот за кој Ванчо Орданоски од „Инфопројект“ доби над 240 илјади евра од Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

„А1он“ исконтактира со индиската компанија, ја испративме фотографијата од нивниот уред и фотографијата од проектот „Екомонитор“ на Орданоски која е финансирана од ФИТР, за која веднаш потврдија дека е идентична.

„Ова е нашиот продукт, односно првата верзија на нашиот уред Polludrone. Навистина е обесхрабрувачки ние да вложуваме сериозни напори за нашите продукти, а некој друг да ја зема заслугата. Ве молам известете не какви чекори можеме да преземеме“, ни пиша Јаинам Мехта, шеф на маркетинг секторот во „Оизом“.

„А1он“ им испрати детален опис на иновацијата на Орданоски финансирана од ФИТР и испративме прашања во однос на тоа дали станува збор за истиот изум.

„Станува збор за сличен изум“, одговорија од „Оизом“ и ни испратија линкови од нивните уреди кои мерат загадување на воздухот.

Според описите, може да се види дека уредите работат на сличен начин и се слични според дизајнот. Од „Оизом“ не одговорија дали ќе бараат дополнителни одговори од Фондот за иновации за тоа дали станува збор за плагијат.

Од ФИТР вчера ни изјавија дека ќе испитуваат дали фирмата „Инфопројект“ на Ванчо Орданоски, инаку брат на новинарот Сашо Орданоски, ги прекршила правата на интелектуална сопственост, откако во јавноста се појавија сомнежи дека фирмата на Орданоски, која доби над 240.000 евра од ФИТР, ќе изработува уред против загаденоста кој изгледа идентично како уред што веќе го изработува индиска компанија.

Компанијата „Инфопројект“ аплицирала со два предлог проекти на јавниот повик на Планот за економски раст – Столб 3, реализиран во период од 27 април до 11 јуни 2018 година. Комитетот за одобрување на инвестиции донесе одлука за поддршка само за едниот од двата проекти, под наслов „Екомонитор“.

Договорот со компанијата е потпишан на 22 февруари 2019 година, а проектот треба да се заврши за две години.

За проектот „Екомонитор“, компанијата учествува со сопствено финансирање од 104 илјади евра, а Фондот ги дава останатите 243 илјади евра. ФИТР до сега има исплатено околу 8 отсто од сумата.

На веб-страницата на „Екомонитор“ пишува дека уредот ќе овозможи собирање (аквизација) на податоци за квалитетот на воздухот, температурата, ветерот и други метеоролошки податоци во урбаните средини.

Би можело да ве интересира

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Советник од Град Скопје и бизнис партнер на Макрадули добил тендер од 200.000 евра

А1он

Иноваторот Ангелков: Работиме на 20 респираторни машини кои ќе помагаат при дишење во болници и во домашни услови

Ана Ололовска

ФИТР: До 10.000 евра за креативни алатки за полесно справување и надминување на последиците од Ковид-19

А1он

Фирмите кои добија пари од Фондот за иновации бесплатно ги понудија ИТ решенијата на граѓаните

А1он

(ВИДЕО) Како холанѓаните ја користат архитектурата за да го прехранат светот

А1он