Просечната разлика меѓу платите на мажите и жените во ЕУ е 16,2 отсто, што значи дека жените мора да работат просечно 59 дена повеќе отколку мажите за да заработат колку и нив, покажуваат податоците објавени денеска од Европската комисија.
Комисијата ги објави овие податоци по повод Европскиот ден на еднаквоста на платите во ЕУ, кој „не потсетува на нееднаквоста во платите со кои се соочуваат жените во ЕУ“, се наведува во соопштението на еврокомесарот за правосудство Вивиен Рединг.
Таа истакна дека „принципот на еднакви плати за еднаква работа е впишан во европските договори од 1957“.
Бројката од 16,2 отсто претставува просек утврден за 2010 година во целата ЕУ. Комисијата истакнува дека таа значи благо намалување на нееднаквоста во платите на жените и мажите бидејќи претходните години се работело за 17 отсто и малку повеќе.