Тројца македонски планинари искачуваат врвови за децата со ретки болести

Од:

Миленка Шаровиќ, Васко Русевски и Христифор Саракинов ќе искачат вкупно 11.983 метри на Елбрус и Алпите во хуманитарен потфат за поддршка на семејствата кои се соочуваат со ретки болести.

Тие објавија јавен повик до поединци и компании да донираат по 2 денари од искачен метар за фонд кој ќе биде наменет за поддршка на семејствата кои се борат со некаков вид на ретка болест.

“Врвовите кои секојдневно ги искачуваат овие семејства се неспоредливо потешки од било кој планинарски врв на светот и за тоа симболично со овој наш поход сакаме да го свртиме вниманието кон вистинските херои од нашето соседство и заедно со помошта од компаниите и
поединците што ќе се вклучат во оваа акција барем малку им помогнеме” – велат Миленка, Васко и Христофор.

Акцијата на тројцата планинари е во координација со Здружението за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ кои долги години се гласот на семејствата кои се соочени со предизвиците кои ретките болести ги носат.

Сите поединци и компании кои ќе се вклучат во акцијата ќе бидат објавени на специјална веб страница, споменати во сите соопштенија за медиуми и нивните логоа ќе се постават на знамето кое ќе се носи и поставува на сите планинарски врвови низ целата тура.

Детали за акцијата и можностите за донирање може да се погледнат на следниов линк.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ