Обвинителката Елизабета Јосифовска од специјалното јавно обвинителство по ослободителмната пресуда за Драган Павливќ Латас и неговите браќа за бесправна градба на викендички во Зелениково, изјави дека Обвинителството ќе ја обжали пресудата за случајот „Тревник“.
– Во секој случај ќе поднесеме жалба. Тука нема дилема, бидејќи јас стојам на ставот дека обвинението беше издржано, поткрепени со доволно докази и во секој случај жалба ќе следи. Ќе се произнесеме, се надевам дека писмено изработената пресуда ќе даде и дополнителни причини од кои се раководел судот, истакна Јосифовска.
– Мислам дека и судот констатира дека во одреден период се градело без одобрение. Тоа што не реагирале соодветните институции не е основ за исклучување на кривичната одговорност на обвинетите кои беа во овој процес, рече обвинителката пред новинарите.
Ова е прва ослободителна пресуда за предмет на специјалното јавно обвинителство. За Драган Павловиќ Латас СЈО покрена уште едно обвинение за случајот „Тотал“, кое сè уште е во фаза на судење.