Екипата на Реал Мадрид е подготвена да понуди 70 милиони фунти за играчот на Тотенхем, Герет Бејл.
Младиот велшанин е еден од најдобрите играчи во англиската Премиер лига оваа сезона и поради тоа е мета на повеќе европски гиганти.
Според пишувањата на британските медиуми „кралскиот клуб“ нема да штеди средства за да го види во своите редови Бејл, а според последните информации и Манчестер Сити се вклучува во трката за овој фудбалер.
Од друга страна пак лондонскиот клуб сака да го задржи Бејл во своите редови барем уште една сезона.