ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски мора да си поднесе оставка, а институциите да покренат кривична постапка

Од:

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува нападите и заканите кон медиумите и новинарите од страна на Драги Рашковски од позиција Генерален секретар на Владата, кој што од позиција на сила наместо со аргументи се обидува да заплаши и замолкне медиуми, новинари и членови на опозицијата кои работат во јавен интерес, информираат од партијата преку соопштение.

“ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите здруженија на новинарите и на медиумските работници да се спротистават на притисоците и да ги осудат нападите од Генералниот секретар на Владата кон медиумите и новинарите кои паднаа во немилост на Рашковски заради следење на јавниот интерес.

ВМРО-ДПМНЕ очекува и ги повикува сите меѓународни медиумски и новинарски институции како и Делегацијата на ОБСЕ и на ЕУ, вклучително и целиот диппломатски кор во државата да ги осудат навредите, нападите и заканите од Генералниот секретар на Владата кон медиумите, новинарите и членовите на опозицијата кои што се под сериозен удар на Рашковски заради нивното следење на јавниот интерес.

Зоран Заев и неговиот генерален секретар се фатени на дело! ВМРО-ДПМНЕ смета дека заканите на Драги Рашковски со тужби и со затворски казни е показател за свесноста на кланот на власт за својот пад и губење на власта.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува сите новинари и медиумски работници да го следат јавниот интерес, како и сите граѓани да продолжат со објавување на сомнителни криминогени делувања на членовите на кланот на власт.

Недостатокот на борбата со високата корупција, корупциски скандали во кои се вмешани функционери на власта, е меѓу главните пречки за македонското напредување во интеграциите, ја девастира македонската економија преку урнисување на бизнис амбиентот, а како резултат на тоа ги турка граѓаните во се поголема сиромаштија на сметка на богатење на членовите на кланот на власт.

Рашковски мора да си поднесе оставка, а институциите да покренат кривична постапка во врска со меѓународниот скандал што ја тресе Македонија.“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Се откри грдото лице на оваа власт, правда за Кочани нема да има, ги заштитиле своите функционери

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

АВМУ и ДИК измислуваат и нов вонзаконски термин “поддржувач” за да може ВМРО-ДПМНЕ да им ги плаќа рекламите на ТВ на Максо, реагира Апасиев

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Катерина Ѓуровски

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја покрива неспособноста со гола пропаганда