ВИДЕО: Во Пекинг завршена изградбата на најголемиот аеродром во светот

Од:

Во Пекинг е завршена изградбата на меѓународниот аеродром Дасинг, кој според бројот на патници ќе биде најголем аеродром во светот.

Аеродромот е оддалечен 46 километри од центарот на Пекинг, опфаќа површина од 1,4 милиони метри квадратни, а територијата на која се наоѓаат терминалите е со големина на 25 фудбалски игралишта, пренесуваат кинеските медиуми.

Предвидено е официјално да почне со работа на 30 септември. Аеродромот има облик на ѕвезда.

Според кинеската новинска агенција Ксинхуа, тој треба да ја олесни работата на пренатрупаниот аеродром во Пекинг.

До 2025 година, на годишно ниво се предвидуваат 72 милиона патници, 620.000 летови, а до 2040 година, предвидувањата се за 100 милиона патници и 880.000 летови.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ