Вечерва на „Камп Ноу“ ќе се одигра уште еден „Ел Класико“ кој во Шпанија, па и во целиот свет е најголемото дерби.
На вечерашниот натпревар на стадионот на Барселона, ќе се развеат неверојатни 90.000 знаменца со грбот на каталонскиот тим.
Од клубот соопштија дека влезници за мечот има сеуште, но се очекува дека стадионот ќе биде исполнет до последното место. На натпреварот ќе присуствуваат и 538 акредитирани новинари.
Натпреварот започнува во 21:00 часот.