Попладнево и во текот на ноќта времето ќе биде променливо облачно на места со повремен дожд. Во јужните делови ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи. Процесите ќе бидат со слаб до умерен интензитет, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Поради заладување, на некои повисоки места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините слаб снег. Температурата ќе се движи од 4 до 13 степени.
Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето, а температурите ќе бидат без поголеми промени.