Советникот Усеини се гони за физички и вербални напади, но не и за дивоградбите

Од:

Охридското oбвинителство води две постапки против советникот во Општина Охрид од ДУИ, Нефи Усеини, а на товар му се ставаат вкупно пет кривични дела. За два месеца, Усеини два пати нападнал службени лица кои извршувале работни задачи. Постапките против него не се завршени, а во моментот се проверуваат наводите од пријавите, велат од обвинителството за „А1 он“.

Но, за Усеини нема отворено постапки за ниту едно дело поврзано со бесправни градби, иако тој е сопственик на две дивоградби во Охрид.

Усеини, како што веќе пишуваше А1он, пред два месеца нападна инспектор од Скопје, кој сакаше да изврши инспекциски надзор на дивоградбата што тој ја гради кај Чинарот на државно земјиште. Известувањето за кривичната пријава од страна на испекторот од СВР Охрид го испратиле еден месец по пријавата. За сите дела за кои е пријавен Нефи Усеини е пропишана парична казна или затворска казна од три месеци до три години во зависност од тежината на делото.

„Кривичната пријава е поднесена против едно лице и се однесува на кривични дела – спречување службено лице во вршење службено дејство, загрозување на сигурноста и фалсификување или уништување деловни книги. Постапката по овој предмет се наоѓа во фаза на проверка на наводите во пријавата за што ќе се изврши и сослушување на сведоците“, велат од обвинителството за „А1 он“.

Пред две недели, советникот од ДУИ, Нефи Усеини, го натепал својот колега од Беса, Џелал Мена, за време на седницата во општинската сала. На овој напад сведоци биле градоначалникот Константин Георгиевски и другите општински советници, кои дале исказ во полициска станица. Натепаниот советник поднел пријава за две кривични дела.

„Оштетениот советник во Советот на Општина Охрид поднел кривична пријава до СВР Охрид за кривични дела – спречување службено лице во вршење службено дејство и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. Моментно се постапува во насока на проверка на наводите“, додаваат од охридското обвинителство.

Но, сè уште нема пријава против Усеини за бесправно градење објекти. Тој изминативе месеци во Охрид изгради дивоградба кај Чинарот на државно земјиште, без никаква дозвола. Истовремено, на брегот од Охридското Езеро, на патот Охрид – Струга, се привршува изградбата на бетонската база за која Усеини во изјава за „А1 он“ рече дека е негова. За бетонската база е поднесена кривична пријава против непознато лице бидејќи кога инспекторот бил на терен, немало никој кај дивоградбата.

Би можело да ве интересира

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“