Твитер: Да го ставиме Заев и директор на МКЦ, па на банкнота од 5000 денари

Од:

По реконструкцијата на Владата на премиерот Зоран Заев, корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ со бројни коментари за изборот на новите министри со најавената метла. Мнозинство од нив велат дека очекувале повеќе разрешувања и именувања на квалитетни кадри, додавајќи дека метлата на премиерот е „чупава“. Некои од нив предложија да не се сквернави зборот „метла“ во политички цели.

Новинарот Ивор Мицковски напиша дека ова не е реконструкција, туку деконструкција на ужасна влада. Тој додава дека Владата сама се руши.

Откако премиерот Зоран Заев обзнани дека себеси се именува за министер за финансии, а разрешениот министер Садула Дураку од Министерството за животна средина, го именува за министер во новото министерство за политички систем и односи во заедници, на социјалните мрежи коментираат „Влада, составена од Заев и Садула“.

Низа реакции доаѓаат за веста дека премиерот Зоран Заев ќе биде нов министер за финансии. Корисниците на „Твитер“ пишуваат „Викаш електричар во куќа, Заев доаѓа бојлерот да ти го поправи, после да те страв да се избањаш“, „Таман ќе помислите дека денеска недела, нема глупости од Влада, и слушаш дека Заев ќе биде и премиер и министер за финансии. Како ви успева бе секоја ден глупости да правите какоо“, „Според Заев , за министер за финансии треба да знаеш само да потпишуваш налог за задолжување“, „Заев нека биде и директор на МКЦ“.

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма