Вуковар: Се е подготвено за двојазични табли

Од:

Таблите со двојазичен натпис, на латиница и кирилица кои што треба да бидат поставени во Вукавар, се изработени и „чекаат“ да го заземат своето место.

Министерот за управа, Арсен Баук најави дека таблите ќе бидат поставени на згради на одредени институции.

Сепак како што стојат работите двојазичните табли нема веднаш да бидат поставени низ целиот град и на сите места кои се предвидени, туку постепено ќе се местат.

Конкретниот датум за почеток на акцијата се уште не е познат, а Баук вели дека се работи за недели, а не месеци.

Министерот ги отфрла шпекулациите дека таблите ќе се поставуваат ноќе, за да веднаш не бидат симнати и уништени од членовите на таканаречниот Штаб за одбрана на Вуковар.

И Брисел се интересира како во Хрватска се спроведува уставот кој овозможува двојазичност, па за сегашната хрватска власт е контрапродуктивно да го отежнува поставување на кириличните табли.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик