Невообичаен однос меѓу принцот Хари и неговата сопруга, Меган, беше забележан со камера на неодамна одржаната свеченост во Бакингемската палата.
Камерата го сними познатиот кралски пар во моментот додека принцот Хари стоеше зад војвотката од Сасекс, Меган, која се сврте кон него сакајќи нешто да му каже.
Но, тоа не можеше да го стори затоа што тој со лут израз на лицето и кажа нешто, по што таа се сврте и замалку не заплака.
Се се случи во неколку секунди, што беше сосема доволно да почнат приказните и теориите што принцот и одговорил на Меган
Експертите за читање од усни тврдат дека принцот и рекол да војвотката да се сврти и да гледа.
„Сврти се…гледај“, беа неговите зборови, тврди експерт за читање од усни за Дејли Мејл.
Во моментот кога Меган се сврте, започна химната и тогаш се очекува сите членови на Кралското семејство да гледаат напред.
Снимката предизвика бројни реакции на друштвените мрежи.
„Изгледа како да ќе заплаче“, „Очите и се тажни“, се само некои од коментарите.