ВИДЕО: Собор на СПЦ во Подгорица, црногорската полиција апси Срби на граница

Од:

На платото пред Соброниот храм на Христовото воскресение во Подгорица започна народниот собир на СПЦ, кој би требало да биде уште еден вид протест против спорниот закон, зад кој стои црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, со кој се овозможува земање на имотот на Српската православна црква во Црна Гора.

Неодамна усвоениот предлог закон предвидува дека „сите врески објекти кои биле во сопственост на државата Црна Гора пред губењето на независноста и спојувањето со Кралството за Србите, Хрватите и Словенците во 1918 година, а кои подоцна несоодветно правно прешле во своина на некои верски заедници, ќе бидат препознаени како државен имот.

Покровителот на овој закон, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, додал „масло на огнот“ со изјавата дека „СПЦ во Црна Гора, од просториите кои не и припаѓаат се обидува да влијае на дневно-политичките прилики во земјата, трудејќи се да ја оствари визијата за „Голема Србија“.

Според српските медиуми, на неколку места полицијата застанувала автобуси кои се обидуваат да дојдат на собирот, а на границата се апсат Срби кои исто така сакаат да присуствуваат на соборот на СПЦ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари